Професорот Коста Хиохи ќе ја предводи листата на ВМРО ДПМНЕ во Струга

Професорот Коста Хиохи ќе ја предводи листата на ВМРО ДПМНЕ во Струга.
Исправени пред предизвиците и проблемите со кои со години се соочува нашата општина, убедени сме дека дојде време Струга конечно да стане вистински сервис на граѓаните, да биде просперитетна општина.
За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ спроведе сериозни анализи и истражувања не само за проблемите со кои се соочуваме, туку и за најдобрите можни решенија. Посебно внимание посветивме на профилот на кандидатите кои ќе ја претставуваат партијата во Советот на Општина Струга.
Главни предуслови за номинација беа личен и професионален интегритет, посветеност кон јавниот интерес, стручност, препознатливост и прифатеност од заедницата. При тоа, изборот беше направен врз основа на јасни критериуми и во демократска атмосфера.
При изборот на соодветни кандидати, се водевме од принципите на стручност и компетентност, а во насока посветено и транспарентно да работат на зацртаните цели и во остварување на ветените проекти, мерки и други обврски од програмата – вредности што ќе бидат темел на нашето делување во Советот.
Луѓето кои ги предлагаме се професионалци, докажани во своите области, добро запознаени со проблемите на нашата општина и подготвени да изнајдат вистински решенија, пишуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга.

