ЈАБЛАНИЦА – НАШАТА ЗЕЛЕНА ИДНИНА!
Ги преземаме првите чекори за да го заштитиме ова природно богатство за идните генерации! Министерството за животна средина, во соработка со општините Струга и Вевчани, започна со изработка на Студија за валоризација на планината Јабланица – клучен чекор кон нејзино прогласување за заштитено подрачје.
Студијата ќе ги процени биодиверзитетот, живеалиштата, геодиверзитетот и водните ресурси на овој редок планински масив.
Јабланица е еколошко богатство, дел од мрежата „Смарагд“ и кандидат за мрежата „Натура 2000“. Со овој чекор, имаме за цел да ја прогласиме планината Јабланица за заштитено подрачје, односно национален парк, како што е делот од Јабланица во Република Албанија, прогласен во 2008 година.
Да ја зачуваме природата – бидејќи таа е најскапоценото наследство што можеме да го оставиме!
